Facebook Instagram

Совети за одржување на режаното цвеќе – букет и аранжмани.

1. Кога ќе добиете букет цвеќе дома, без разлика дали е мал или голем, правилата за одржување се исти.

Порите на дршките на цветот се затворени. За да се отворат и примат вода и доволно се хидрираат мораме секогаш да ги потсечеме – сите дршки подеднакво по 1 см косо.
На тој начин секој цвет во букетот ќе повлече доволно вода за да се освежи и биде во добра состојба.
Многу е важно да нема зелени листови во водата и затоа отстранете ги, за дршките на букетот секогаш да бидат во чиста вода во која не дозволуваме да се развиваат бактерии.
Ако секојдневно менувате вода и ги потсекувате дршките на секој цвет во букетот ја зголемувате трајност на истиот.
Не го ставајте букетот на директно сонце и нека биде подалеку од извори на топлина и клима уред.
Оптимално еден букет трае од 5 до 7 дена.

2. Аранжмани во сунѓер

На секои два дена додате 1оо дл вода во сунѓерот.
Не го ставајте аранжманот на директно сонце или директно под влијание на клима уред во просторот.
Доколку некое цвеќе овене побргу од останатото во аранжманот, отстранете го и на негово место ставете некое друго цвеќе или зеленило и повторно ке имате свеж аранжман подолго време.
Аранжманите може да траат и до 10 дена доколку просторот во кој се наоѓаат не е претопол.
Режаното цвеќе не поднесува нагли промени на температура.
Затоа, само за 10 мин изложеност на висока температура или премногу ниска може веднаш да овене.
Никогаш не го оставајте цвеќето што сте го купиле во автомобил подолго време.

Полевање – најдобар начин е да создадете рутина. На пример,  еднаш неделно, секогаш во истиот ден.

На овој начин нема да претерате со полевање а и нема да дехидрира растението.

Иако различни видови растенија имаат различна нега, сепак на повеќето им годи оросување преку лист. Тоа значи неколкупати неделно оросување на листовите со прскалка.

Се разбира и специјалната прихрана е пожелна.

Потребно е и следење на растот на растението за да се изврши пресадување кога е неопходно.

Секако, обрнете внимание на светлината во просторот, потребно е сите растенија да имаат природна светлина, но не директна (со исклучок на некои видиови со кои имаме такво искуство).

Клима уредите навистина имаат неповолен ефект на вашите растенија. Секогаш потрудете се да се наоѓаат подалеку од нивниот допир.

Најважно од се – сакајте ги вашите растенија и обрнувајте им внимание, енергијата што ќе ја вложите во нивната нега ќе ви се врати така што тие ќе го оплеменат вашиот простор на живеење, ќе делуваат смирувачки на вас и ќе создадете убава симбиоза помегу вас и малиот дел од природата во вашиот дом.

Секогаш стоиме на располагање за повеќе совети доколку ви се потребни.

Со љубов и почит,

Веќе 25 години

Цвеќара Мели

 

 

Општи одредби

Добредојдовте во Цвеќара Мели.

Со Вашиот влез во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу.

Ве молиме прочитајте со внимание.

Цвеќара Мели го задржува правото да диколку го нема одбраниот производ достапен да ја смени бојата, содржината, цветовите, пакувањето, декоративниот сад во иста вредност на нарачаниот производ без да ве извести. Истото се однесува и на саксиското цвеќе. Доколку не се се согласувате со горенаведното ве молиме не продолжувајте кон плаќање. Наша најголема грижа е да имаме задоволни корисиници но бидејки цвеќето не е стандарден производ и е со менлива состојба или достапност важно ни е корисниците да се свесни за можната промена.

Електронска комуникација

Со Вашата посета на www.cvekarameli.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна ќе добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата.

Вашето корисничко име и лозинка

Доколку ја употребувате оваа веб страница, одговорни сте за одржување на приватноста на Вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во Вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со Вашето корисничко име или лозинка.

Продажбата на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на Т.П МЕЛИ со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата кредитна картичка.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

За кои цели ги употребуваме вашите лични податоци и зошто

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви овозможиме online користење на нашите услуги. Притоа, Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност. Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци како и податоци кои не се лични а се складирани на нашата страна.

-Да ви ги овозможиме услугите кои ќе  побарате од нас

-Решавање на спорови или решавање на проблеми,

-Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности,

-Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата.

-Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.

Плакањето на производите и услугите  во нашата ONLINE  продавница е овозможено преку CASYS INTERNACIONAL ВО СОРАБОТКА СО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКАКОИ КАКО ИНСТИТУЦИИ НУДАТ ВРВНА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ONLINE ПЛAKAЊАТА.

Коментари и објави

Ги потикнуваме  клиентите да  објавуваат  коментари искуства,и забелешки за производите, се додека содржината на истите не е нелегална, и навредлива.

Коментари и објави со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично,се недозволени.

Т.П МЕЛИ го задржува правото да ги отстрани тие пораки.

Опис на производот

Т.П МЕЛИ го задржува правото во сите цветни аранжмани да ја менува делумно содржината и бојата на цвекињата во зависност од нивната достапност во текот на годината(не секој вид на цвеќе е достапен во секој дел од годината), сите описи на производите направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Сепак, Т.П МЕЛИ не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки.

ЦВЕЌАРА МЕЛИ СЕКОГАШ ГО ИМА ВО ПРЕДВИД НАЈДОБРОТО ЗА СВОИТЕ КЛИЕНТИ И СЕКОГАШ СЕ ТРУДИ ТИЕ ДА ГО ДОБИЈАТА МАКСИМУМОТ ОД ПОНУДЕНИОТ ЦВЕТЕН АРАНЖМАН НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА.

Производите кои се набавени од компаниите со кои соработуваме-самите компании   се одговорни за квалитетот,содржината и датумот на тие производи(се мисли на  сите производи во категоријата подароци)

Цени

Сите цени се изразени во  македонски денари и ги вклучуваат и трошоците за пакување и испорака што се однесуваат на територијата на градот скопје без околните села.

За околните села во скопје и остатокот од македонија испораката се доплаќа, цените на испораките се истакнати на нашата страна.

НА АНГЛИСКАТА ВЕРЗИЈА НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ДЕНАРИ И ВО ЗАГРАДА КОНВЕРТИРАНИ ВО ЕВРА.

КОНВЕРТИРАЊЕТО ВО ЕВРА Е ПРИБЛИЖНО НЕ Е ТОЧНО.

СТАВЕНО Е КАКО ПОЈАСНУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ ШТО НЕ СЕ ОД МАКЕДОНИЈА.

Т.П МЕЛИ НАПЛАЌА НА СВОИТЕ КЛИЕНТИ САМО ВО МАКЕДОНСКИ ДЕНАРИ.

Цвеќара мели го задржува паравото да ги менува цените на производите и услугите на својата онлине продавница.

Авторски права

Содржините  на  www.cvekarameli.mk I www.flowershopmeli.mk страницата се заштитени и сите ,  текстови , слики, логоа, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на Т.П МЕЛИ и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.

 ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ЦВЕЌАРА МЕЛИ

Т.П МЕЛИ Скопје ОБЕЗБЕДИ НАЈВИСОКА СИГУРНОСТ НА НАШАТА ONLINE ПРОДАВНИЦА НО СЕКОГАШ ПОСТОИ МОЖНОСТ ОД ХАКЕРИ И КОМЈУТЕРСКИ ВИРУСИ ОД КОИ МОЖЕТЕ ВИЕ ДА БИДЕТЕ ЗАСЕГНАТИ.

КОРИТЕТЕ ЈА НАШАТА ONLINE  ПРОДАВНИЦА СВЕСНИ ЗА МОЖНИТЕ РИЗИЦИ.

Т.П МЕЛИ не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи  КУПЕНИ КАЈ НАС.

Поради чуствителноста на режаното и саксикото цвеќе и нивната специфично одржување свежи, Т.П МЕЛИ не враќа или заменува режано и саксиско цвеќе.

Што се однесува на декоративните предмети, бонбоњери, парфеми тие при испорака треба да се отворат и проверат од страна на примачот и во присуство на нашиот доставувач да се утвди дека се во добра состојба.

За сите производи кои не се наш увоз или производство не преземаме одговорност.

За нивната исправност се одговорни компаниите од кои ги набавуваме горе наведените производи.

Што се однесува на кондиторските производи, ние не вршиме складирање и чување на истите. Ние само ги подигнуваме од просториите на снабдувчот и ги доставуваме на саканата адреса.

По испораката не примаме поплаки.

Сепак отворени сме кон нашите клиенти и доколку има некаков проблем обратете се на нашите контак телефони и максимално ке се потрудиме да ви излеземе во пресрет и да го решиме проблемот.

ИСПОРАКА

Испораката во Скопје ја извршуваме сами.

Испораката низ Македонија ја извршуваме со транспортни компании.

Бидејќи испораките низ Македонија ги извшуваат карго компании, испораката може да биде пролонгирана од 24-48 часа од моментот на нарачката. Ве молиме имајте го овој податок во предвид при Вашата следна нарачка.

Испораката во Скопје е вклучена во цената на производите.

Испораката во  околината на скопје и македонија се доплага во договор со нас, во однос на локацијата каде треба производот да се испорача.

Дололку примачот не е дома, или е згрешена адресата која нарачателот ја дал, следната испорака ја наплакаме во договор со нарачателот.

Испораката во Скопје ја извршуваме од 2 до 6 часа од моментот на нарачката, (за нарачки примени до 21 часот навечер).

За оние после 21 часот навечер, во договор со нас има можност да бидат испорачани истата вечер или следниот ден.

За нарачките низ Македонија испораката е од 12 часа до 48 часа од моментот на нарачување.

Нашите клиенти ке бидат навремено известени доколку има било какви промени околу испораката.

Законски одредби

Со посетата на www.cvekarameli.mk I www.flowershopmeli.mkсе согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.

Политики и измени

T.P MELI SKOPJE го задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и општите одредби во било кое време.

Даночен број

5030999222298 T.P MELI SKOPJE

Контакт и адреса

Адреса:

УЛ ФРАНКЛИН РУЗВЕЛТ БР.20

1000 СКОПЈЕ

МАКЕДОНИЈА

Тел-023245756

070 790 060

071205561

Емаил-pacemskak@yahoo.com

www.cvekarameli.mk

www.flowershopmeli.mk

Доколку T.P Mели Скопје увиди дека е потребно вракање на средства истото ке го направи во рок од 10 раб дена преку нашата овластена банка Комерцијална Банка А.Д Скопје.
Правото на вракање на средства го задржува T.P Mели. Со користење на нашата онлајн продавница се обврзувате на горе наведените услови.