Facebook Instagram

Совети за одржување на режаното цвеќе – букет и аранжмани.

1. Кога ќе добиете букет цвеќе дома, без разлика дали е мал или голем, правилата за одржување се исти.

Порите на дршките на цветот се затворени. За да се отворат и примат вода и доволно се хидрираат мораме секогаш да ги потсечеме – сите дршки подеднакво по 1 см косо.
На тој начин секој цвет во букетот ќе повлече доволно вода за да се освежи и биде во добра состојба.
Многу е важно да нема зелени листови во водата и затоа отстранете ги, за дршките на букетот секогаш да бидат во чиста вода во која не дозволуваме да се развиваат бактерии.
Ако секојдневно менувате вода и ги потсекувате дршките на секој цвет во букетот ја зголемувате трајност на истиот.
Не го ставајте букетот на директно сонце и нека биде подалеку од извори на топлина и клима уред.
Оптимално еден букет трае од 5 до 7 дена.

2. Аранжмани во сунѓер

На секои два дена додате 1оо дл вода во сунѓерот.
Не го ставајте аранжманот на директно сонце или директно под влијание на клима уред во просторот.
Доколку некое цвеќе овене побргу од останатото во аранжманот, отстранете го и на негово место ставете некое друго цвеќе или зеленило и повторно ке имате свеж аранжман подолго време.
Аранжманите може да траат и до 10 дена доколку просторот во кој се наоѓаат не е претопол.
Режаното цвеќе не поднесува нагли промени на температура.
Затоа, само за 10 мин изложеност на висока температура или премногу ниска може веднаш да овене.
Никогаш не го оставајте цвеќето што сте го купиле во автомобил подолго време.

Полевање – најдобар начин е да создадете рутина. На пример,  еднаш неделно, секогаш во истиот ден.

На овој начин нема да претерате со полевање а и нема да дехидрира растението.

Иако различни видови растенија имаат различна нега, сепак на повеќето им годи оросување преку лист. Тоа значи неколкупати неделно оросување на листовите со прскалка.

Се разбира и специјалната прихрана е пожелна.

Потребно е и следење на растот на растението за да се изврши пресадување кога е неопходно.

Секако, обрнете внимание на светлината во просторот, потребно е сите растенија да имаат природна светлина, но не директна (со исклучок на некои видиови со кои имаме такво искуство).

Клима уредите навистина имаат неповолен ефект на вашите растенија. Секогаш потрудете се да се наоѓаат подалеку од нивниот допир.

Најважно од се – сакајте ги вашите растенија и обрнувајте им внимание, енергијата што ќе ја вложите во нивната нега ќе ви се врати така што тие ќе го оплеменат вашиот простор на живеење, ќе делуваат смирувачки на вас и ќе создадете убава симбиоза помегу вас и малиот дел од природата во вашиот дом.

Секогаш стоиме на располагање за повеќе совети доколку ви се потребни.

Со љубов и почит,

Веќе 25 години

Цвеќара Мели

360 View