Полевање – најдобар начин е да создадете рутина. На пример, еднаш неделно, секогаш во истиот ден.
На овој начин нема да претерате со полевање а и нема да дехидрира растението.
Иако различни видови растенија имаат различна нега, сепак на повеќето им годи оросување преку лист. Тоа значи неколкупати неделно оросување на листовите со прскалка.
Се разбира и специјалната прихрана е пожелна.
Потребно е и следење на растот на растението за да се изврши пресадување кога е неопходно.
Секако, обрнете внимание на светлината во просторот, потребно е сите растенија да имаат природна светлина, но не директна (со исклучок на некои видиови со кои имаме такво искуство).
Клима уредите навистина имаат неповолен ефект на вашите растенија. Секогаш потрудете се да се наоѓаат подалеку од нивниот допир.
Најважно од се – сакајте ги вашите растенија и обрнувајте им внимание, енергијата што ќе ја вложите во нивната нега ќе ви се врати така што тие ќе го оплеменат вашиот простор на живеење, ќе делуваат смирувачки на вас и ќе создадете убава симбиоза помегу вас и малиот дел од природата во вашиот дом.
Секогаш стоиме на располагање за повеќе совети доколку ви се потребни.
Со љубов и почит,
Веќе 25 години
Цвеќара Мели